понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ПРЕМИЕРОТ ПОЈАСНИ: Лукровски нема дадено оставка, тој е на боледување

ПРЕМИЕРОТ ПОЈАСНИ: Лукровски нема дадено оставка, тој е на боледување

1766

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување, појасни премиерот Христијан Мицкоски, по шпекулациите околу градоначалничката позиција во Општината. Мицкоски рече дека додека градоначалникот се врати од боледување, во Општината има законски именуван заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите.

– Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот, во Општината има законски избран заменик-градоначалник, кој го заменува градоначалникот додека е на боледување поради одредени здравствени проблеми. Иако имаше и такви политички глодачи, кои излегуваа и се ситеа на здравствена состојба на човек, јас нема да ги коментирам тие политички глодачи. Му посакувам брзо закрепнување на градоначалникот и што побргу да се врати на својата работна позиција. Повеќе детали за здравствената состојба ниту сум овластен ниту би сакал да споделам, изјави премиерот Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ