недела, јуни 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Предложен притвор за осомничен за полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Предложен притвор за осомничен за полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

30

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ИЗДВОЕНИ