Фото: П.Стојановски
Вечерва, под отворено небо, во срцето на Скопје, на плоштадот „Македонија“ сите присутни граѓани се дел од ретка и незаборавна музичка приказна осмислена и создадена по повод по повод настаните организирани за одбележувањето на прославата на 35 години независност на нашата држава. Концертот кој се одвива во два музички дела, започна со фолклорниот дел, кој со го отвори истакнаниот народен пејач Миле Кузмановски, а по него следеа македонските фолк ѕвезди Сузана Спасовска, Наум Петревски.



Публиката носталгично ја разиграа поп-ѕвездите Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски.


Публиката имаше можност да ужива и во гласовите на оперските пејачи Ана и Игор Дурловски и Дешира Амети-Крлиу , во придружба на повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија. Со оркестарот диригира Сашо Татарчевски, додека новите оркестрации и аранжмани специјално за концертот ги подготви маестро Николче Мицевски.


Во вториот дел од вечерта, резервиран за Хозе Карерас, шпанскиот тенор ја почести скопската публика со изведба на својот препознатлив светски репертоар, заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на од неговиот долгогодишен диригент Дејвид Хименес. Посебно изненадување беа композициите кои славниот тенор ги отпеа со Каролина Гочева и “Moon river“ со Калиопи.
За крај, Карерас ја отпеа легендарната “Мy way“ на Френк Синатра.
Но, ова не беше крај: на сцената повторно излегоа сите ѕвезди кои вечерва со своите гласови пееја во чест на одбележувањето на 35-години независност на Македонија, и сите заедно, во еден глас, заедно со славниот тенор Карерас пееја „Едно име имаме“, авторка песна на незаборавниот Јонче Христовски.
















