Речиси 2.150 луѓе починаа минатиот месец во Шпанија поради екстремната топлина, според резултатите објавени денес од Министерството за здравство во Мадрид.
Беше наведено дека 2.149 луѓе починале во август поради топлината, објави „Ројтерс“.
Ова е највисокиот регистриран број на смртни случаи во август, ако се исклучи минатата година, кога жештината однесе 2.184 животи.
Се проценува дека од 15 мај, повеќе од 5.200 луѓе починале поради екстремно високи температури.
Меѓу оние што починале во август, има речиси 1.300 жени и речиси 870 мажи.
Повеќе од 2.000 жртви на жештината биле лица над 65 години, а речиси 1.300 биле над 85 години.












