вторник, септември 1, 2026
Дома МАГАЗИН Крадци украле 34.000 лименки пиво вредни 70.000 долари, а компанијата им испратила...

Крадци украле 34.000 лименки пиво вредни 70.000 долари, а компанијата им испратила урнебесна порака

0
Фото: Instagram pabstblueribbon

Крадци украле околу 34.000 лименки пиво „Пабст Блу Рибон“ и безалкохолно пиво „Олд Милвоки“, во вредност од околу 70.000 долари, од магацин во Јужна Калифорнија во две одделни кражби во истиот ден, соопшти полицијата.

„Првата кражба вклучувала пиво во вредност од околу 45.000 долари, наменето за клиент во Тусон, Аризона, но никогаш не било доставено“, соопшти полицијата во Монтклер.

Во соопштението се вели дека еден час подоцна, лажна компанија-подизведувач им презентирала фалсификувани документи на работниците во магацинот за да преземе уште пиво во вредност од 25.000 долари.

„Двете кражби се случиле во дистрибутивен центар „Анхојзер-Буш“, на околу 40 милји источно од Лос Анџелес. Украдени се повеќе од 1.500 пакети, а истражителите се обидуваат да утврдат дали кражбите биле дел од една операција“, додаде полицијата.

Компанијата „Пабст Блу Рибон“ ги претворила кражбите во хумористична промоција на социјалните медиуми, објавува АП.

„Порака до крадците: Не ве обвинуваме што сакате да се фалите пред пријателите колку пиво Пабст имате. Само ќе ни беше подраго ако го набавевте чесно“, наведекомпанијата во реклама на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pabst Blue Ribbon (@pabstblueribbon)

ИЗДВОЕНИ