Унгарија повторно одби да одобри отворање на кластерите 2 и 3 за Украина, на првиот состанок по летната пауза на Работната група на Советот на Европската унија за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, објави „Украинска правда“.
„Сè останува непроменето“, коментираше еден од изворите на „Европска правда“.
Изворот додаде дека, како и во јули на последниот состанок пред летната пауза, Унгарија се согласила да ги одобри само резултатите од скринингот за кластерот 3 за Молдавија.
Сепак, одвојувањето на Украина и Молдавија на нивниот пат кон ЕУ не е поддржано од мнозинството земји-членки на ЕУ, предводени од Ирска, која моментално претседава со Советот.
Следниот состанок на Работната група е закажан за утре, но Украина и Молдавија не се на дневен ред.
Дипломатски извори во Советот на ЕУ за „Украинска правда“ изјавија дека за време на дискусијата за плановите за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина и Молдавија, унгарскиот претставник рекол дека Будимпешта е подготвена да продолжи напред само ако Украина преземе чекори кон исполнување на билатералниот договор за заштита на правата на унгарското малцинство, а дотогаш нема да има напредок во отворањето на кластерите.












