вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

23

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Протестот го организира Сојузот на синдикатите на Македонија.

Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.

-Протестот e предвидено да почне пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ број 4 со движење лево по улица „Филип 2 Македонски“, десно по улица „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Владата – се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат, граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на протестот. 

 

ИЗДВОЕНИ