вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Шок во Брисел и Киев – Маѓар ги изненади сите: За Украина...

Шок во Брисел и Киев – Маѓар ги изненади сите: За Украина мисли исто како Орбан, а има и услов!

724
EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, кој наскоро треба да ја преземе функцијата премиер на Унгарија, побара проширување на правата на унгарското малцинство во Украина како услов за поддршка на почетокот на преговорите за нејзино пристапување кон Европската унија.

Како што објави Блумберг, Маѓар ги изнел овие барања за време на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, а неговиот став во голема мера се совпаѓа со политиките на сегашниот премиер Виктор Орбан.

Клучното прашање се однесува на правото на унгарското малцинство на образование на мајчин јазик.

Иако средбата со Коста не помина толку позитивно како разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Маѓар го оцени дијалогот како корисен и конструктивен.

Блумберг наведува дека таков цврст став би можел да ги разочара Киев и Брисел, кои очекуваа промените во Будимпешта да го забрзаат европскиот пат на Украина.

Маѓар треба да биде избран за премиер на 9 мај, на првата седница на новиот парламент, откако неговата партија оствари убедлива победа на изборите на 12 април.

Владата во заминување на Виктор Орбан со години инсистира Киев да ги врати правата на унгарското малцинство во Закарпатија, предупредувајќи дека нема да го поддржи влезот на Украина во ЕУ без ова.

Будимпешта тврди дека етничките Унгарци во Украина се лишени од основните права од 2015 година, вклучително и употребата на нивниот мајчин јазик во образованието и културата.

ИЗДВОЕНИ