Градскиот парк во Скопје денеска беше обоен во портокалово, по повод Денот на кралот на Холандија. Се одржа настан што ги поврзува холандската празнична традиција, велосипедската култура и еколошките навики и беше организиран од холандската Амбасада, Град Скопје и од „Биди зелен“. Станува збор за прослава на Денот на кралот на Холандија.
Градскиот парк беше преполн со ученици од средните училишта и со деца од градинките во Скопје. Тие имаа можност да ги разменат своите стари работи, кои ги имаа донесено од дома, со други и на тој начин да го продолжат нивниот век. Како што истакнаа организаторите, идејата е предметите да добијат нов живот наместо да завршат како отпад, а посетителите, преку едноставна размена, да учествуваат во поодржлив начин на потрошувачка. Се садеа цвеќиња, се играше „лов на богатсво“ во холандскиот лавиринт, а се одржа и натпревар за најубаво накитен велосипед

Градскиот парк во Скопје денеска беше обоен во портокалово, по повод Денот на кралот на Холандија. Притоа, се одржа настан што ги поврзува холандската празнична традиција, велосипедската култура и еколошките навики и беше организиран од холандската Амбасада, Град Скопје и од „Биди зелен“. Станува збор за прослава на Денот на кралот на Холандија.
Градскиот парк беше преполн со ученици од средните училишта и со деца од градинките во Скопје. Тие имаа можност да ги разменат своите стари работи, кои ги имаа донесено од дома, со други и на тој начин да го продолжат нивниот век. Како што истакнаа организаторите, идејата е предметите да добијат нов живот наместо да завршат како отпад, а посетителите, преку едноставна размена, да учествуваат во поодржлив начин на потрошувачка.
Исто така, оние што имаа своја амбалажа, добија бесплатни пијалаци и со тоа, всушност, влијаеја на намалувањето на отпадот од амбалажа за една употреба.
Воедно, најмладите садеа цвеќиња и во холандскиот лавиринт во Градскиот парк, ја играа играта лов на богатство со картички, со теми поврзани со холандската култура и холандската историја.
Учениците од девет скопски средни училишта учествуваа на натпреварот за најубаво накитен велосипед, користејќи рециклирани материјали, на тема „Работите што ги поврзуваат Холандија и Северна Македонија“.
Претставниците од Град Скопје и од холандската Амбасада садеа ружи и поставија скулптури на кломпи, притоа разубавувајќи го Градскиот парк.
Претставникот на „Биди зелен – Го грин“, Дарко Арсовски, потенцираше дека, преку вакви активности, сакаат да влијаат на подигнувањето на свеста за намалување на отпадот во природата.
Портокаловата боја е централен симбол на холандскиот национален празник. Денот на кралот, односно Koningsdag, се одбележува на 27 април, роденденот на кралот Вилем-Александер, а низ Холандија, традиционално, е проследен со улични прослави, пазари, концерти и со облекување во портокалово, боја поврзана со кралската куќа „Орање-Насау“.
(А. П.) Фото: (П. С.)












