Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, денеска, ја почнаа четиридневната посета на Вашингтон, во исклучително чувствителен момент за американско-британските односи.
Посетата, која ќе трае до 30 април, се совпаѓа со одбележувањето на 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД и се смета за возвратен гест по минатогодишниот раскошен прием во Обединетото Кралство.
Програмата почнува со прием на чај кај Доналд и Меланија Трамп, а најформалниот дел е предвиден за утре, со воена церемонија на добредојде.
Се очекува кралот Чарлс да се обрати пред американскиот Конгрес, што би било прво обраќање на британски монарх од говорот на кралицата Елизабета Втора во 1991 година.
Дел од дипломатската цел на посетата е да се намалат тензиите меѓу Вашингтон и Лондон, особено поради различните позиции околу војната во Иран и критиките на Трамп кон британскиот премиер Кир Стармер.
В среда, кралот и кралицата треба да го посетат и Споменикот на 11 септември.
Посетата се случува во исклучително чувствителен момент за американско-британските односи, во услови на зголемени дипломатски тензии поради војната во Иран.












