вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ОКТА дава попуст од 2 денари за литар дизел до 2 ноември

ОКТА дава попуст од 2 денари за литар дизел до 2 ноември

35

ОКТА АД – Скопје ја продолжува иницијативата за поддршка на домашниот пазар на горива со привремен попуст од 2 денари по литар дизел, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Попустот ќе се применува на продажбата на дизел-гориво што ОКТА им го испорачува на трговците на големо и мало. Крајните малопродажни цени и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат учесниците на пазарот, согласно со сопствените комерцијални политики и актуелните пазарни услови.

Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка што ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да се ублажи влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и да се придонесе кон стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива.

Со најновата мерка, вкупната вредност на поддршката што компанијата ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година се очекува да достигне приближно 8 милиони евра.

Преку овие активности, ОКТА ја потврдува својата посветеност на поддршката на потрошувачите, бизнисите и пошироката економија во услови на зголемена нестабилност на меѓународните пазари.

ИЗДВОЕНИ