вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Раѓајте повеќе деца за да обезбедиме работници и економски раст

Мицкоски: Раѓајте повеќе деца за да обезбедиме работници и економски раст

0

На Македонија, можеби, ќе ѝ бидат потребни повеќе од 50.000 странски работници годишно за да го задржи постојното ниво на економска активност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој беше прашан за изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, дека до 2030 година на земјава ќе ѝ бидат потребни 50.000 странски работници годишно за да го одржи сегашното ниво на бруто домашниот производ (БДП), како и за тоа што ќе се случува со домашните работници.

– Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако не ги промовираме тие вредности, за жал, македонската економија ќе биде прва што ќе биде на удар. Можеби, ќе ни требаат многу повеќе работници за да ја задржиме економската активност – изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека демографските предизвици бараат темелна анализа, а како пример ја наведе Западна Европа, каде што, според него, годишно се издаваат стотици илјади, па и милиони работни дозволи за мигранти.

– Колку и да сакаат да ме исмејуваат, јас ќе останам на семејните политики, на многудетните семејства и на политиките што значат иднина за Македонија, нови работни места за македонските работници и поконкурентна економија – потенцираше Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ