Парламентот на Црна Гора усвои уставни измени со кои се воведува проверка на интегритетот на кандидатите за мандат и за членовите на Владата.
Суштината на промените е дека лице што не ги исполнува условите за интегритет пропишани со закон, не може да биде номинирано за мандат или за член на Владата, објавува РТВ Црна Гора. Според образложението на предлогот, ова има цел да го подобри процесот на формирање влада преку зајакнување на транспарентноста и на одговорноста, како и преку механизмите за спречување корупција и судир на интереси.
Деталните услови и начинот на верификација ќе бидат регулирани со посебен закон, за чие усвојување амандманот предвидува двотретинско мнозинство.












