вторник, октомври 20, 2026
Дома СКОПСКА Почна есенската дератизација во Кисела Вода

Почна есенската дератизација во Кисела Вода

8

Редовна есенска дератизација се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Активностите ги изведува специјализираната фирма „Токсивет“, а ќе бидат опфатени преку 2.000 шахти.

-Процесот на дератизација ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел превенција, системско уништување на штетните глодари и заштита на здравјето на жителите – соопштија од Општина Кисела Вода, додавајќи дека согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина редовна дератизација се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен.

-На овој начин се обезбедува сеопфатна заштита и се превенира појавата на заразни болести, што е од примарно значење за сигурноста на нашите сограѓани – децидни се од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ