вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Наместо помалку празници, ССКМ бара поголема продуктивност

Наместо помалку празници, ССКМ бара поголема продуктивност

80

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) не се согласува со предлогот за намалување на бројот на празници, оценувајќи дека треба да бидат насочени напорите кон зголемување на продуктивноста и кон поефикасно организирање на работниот процес.

Како една од опциите за која треба да се отвори поширока дискусија, од ССКМ ја посочуваат исплатата на работниците според одработените часови, по примерот на развиените пазарни економии. Според оваа идеја, потребно е да се разгледаат моделите на организација и на вреднување на трудот, кои би придонеле за подобри резултати во работењето.

Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, оценува дека во Македонија има вредни, посветени и чесни работници, кои сакаат да работат, поради што намалувањето на празниците не треба да биде приоритет. Наместо тоа, треба да се насочи вниманието кон начините за подобрување на продуктивноста и искористување на работниот потенцијал.

– Македонија има вредни, посветени и чесни луѓе, кои сакаат да работат. Затоа, нашиот фокус не треба да биде на намалувањето на празниците. Нашата цел е како да се зголеми продуктивноста – истакнува Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ