
Во последно време многу се зборуваше за Хари Кејн и за тоа каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.
Неколку клуба се распрашуваа за неговите услуги во изминативе месеци, а наводно и Барселона била заинтересирана за него.
Сепак, првата вистинска понуда за Кејн, во врска со неговата кариера, е ставена на маса. Според светски познатиот новинар, Фабрицио Романо, Баерн Минхен планира да почне преговори со англискиот напаѓач за нов договор во август. Германскиот гигант сака да ја продолжи соработката со еден од своите најважни играчи, кој има договор до 2027 година. Клубот сака да почне разговори што е можно поскоро и да се обиде да постигне договор со својот најдобар стрелец. Сепак, конечната одлука нема да зависи само од клубот.
Според Фабрицио Романо, Хари Кејн ќе го има последниот збор, заедно со своето семејство. Сè уште не е познато какви услови ќе понуди Баерн Минхен или колку долго би траел новиот договор. Јасно е само дека сака да обезбеди негов долгорочен престој во Минхен.
Кејн стана еден од клучните играчи на тимот и важен дел од проектот на баварскиот клуб откако пристигна на „Алијанц арена“. Затоа челниците на Баерн Минхен не сакаат да чекаат предолго кога е неговата иднина во прашање. Преговорите треба да почнат овој месец, по што ќе се знае дали постои можност да постигнат нов договор.
Останува да се види дали ќе ја прифати англискиот напаѓач новата понуда или ќе донесе одлука за својата иднина откако ќе разговара со своето семејство и со челниците на баварскиот гигант.











