Жителите на селото Спанчево отсега ќе имаат поквалитетно и постабилно снабдување со електрична енергија откако екипите на „Електродистрибуција“ ја обновија нисконапонската електрична мрежа во селото.

Во рамките на зафатот е обновена мрежа во должина од околу 800 метри, а поставени се и 35 нови бетонски столба. Со оваа реконструкција се очекува да има помалку падови на напонот, поретки дефекти и посигурно снабдување со струја за домаќинствата.

Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов, ја поздрави реализираната инвестиција и им се заблагодари на екипите на „Електродистрибуција“ од КЕЦ „Кочани“ за вложениот труд.

– Секое вложување во електричната мрежа значи подобри услови за живот на граѓаните. Благодарност до сите што работеа на овој проект и придонесоа жителите на Спанчево да добијат посигурно снабдување со електрична енергија –  истакна Костадинов.

Од „Електродистрибуција“ велат дека и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција и модернизација на мрежата, со цел граѓаните да добијат поквалитетна и посигурна услуга.

 

ИЗДВОЕНИ