Полска пресретна руски извидувачки авион Иљушин Ил-20 над меѓународните води на Балтичкото море, објави денеска министерот за одбрана Владислав Косиниак -Камиш.
Министерот на социјалните мрежи опиша дека тоа била „агресивна акција“ на Москва за тестирање на полските системи за противвоздушна одбрана.
„Секоја провокација ќе добие моментен одговор нашите пилоти“, напиша Косиниак-Камиш на социјалната мрежа „Икс“.
Според него, рускиот авион летал со исклучин „транспондер“ – не ја емитувал својата идентификација и податоците за положбата.
Полска во средата ги активираше воените сили, вклучувајќи го и подигнувањето на борбените авиони пшоради големиот руски напад на соседна Украина, во близинаа на границата на зоната на земјките-членки на НАТО, пренесе „Бета“.












