Велика Британија објави портокалово предупредување за опасност од невреме со поројни дождови кое ги зафати северна Англија, Шкотска и Северна Ирска, со налети на ветер до 128 км/ч на некои места, пренесе ДПА.
Стотици домови во југозападна Англија вчера останаа без електрична енергија. Националната мрежа соопшти дека електрична енергија синоќа добиле 131.225 објекти.
Портокалово предупредување за силни ветрови, второ ниво на опасност на Метеоролошката служба, е на сила за цела Шкотска и северна Англија, до Карлајл, до 21 часот денеска.
Метеоролошката служба предупредува дека невремето предизвикува услови опасни по живот. На луѓето им се советува да останат во затворен простор колку што е можно повеќе. Агенцијата за животна средина издаде 66 предупредувања за поплави низ цела Англија.
Шкотската агенција за животна средина соопшти дека 30 предупредувања за поплави се во сила од 5 часот наутро.
Неколку летови на аеродромот во Даблин се откажани. Ќе биде откажано и светлосно шоу во Ливерпул и некои настани во Лондон. Затворени се и повеќе туристички објекти.












