недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Рубио: Не бараме помош од Кина, не ни е потребна нивната помош...

Рубио: Не бараме помош од Кина, не ни е потребна нивната помош во врска со Иран

81
Фото: EPA/WILL OLIVER / POOL

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека на Американските Соединети Држави не им е потребна помош од Кина во врска со Иран. Меѓутоа, тој истакна дека претседателот Доналд Трамп и кинескиот водач Шји Џинпинг пронашле „заеднички јазик“ за прашањето за Ормускиот теснец.

„Не ни е потребна помош од Кина“, изјави за Рубио за „Ен-би-си“. Тој додаде дека двете страни се усогласиле во противењето на иранскиот развој на нуклеарно оружје и дека споделуваат загриженост поради тој значително важен пловен пат“, пишува „Ал Џезира“.

„Кинеската страна порача дека се противи на милитаризација на Ормискиот теснец, како и на воведување наплата за премин“, а тоа е наш став“, изјави Рубио.

Рубио исто така го предупреди Техеран да не се обидува да ја искористи поделбата внатре во американската политика за да влијае на преговорите со Вашингтон. Претседателот јасно порачува: ако Иранцитемислат да ја искористат нашата внатрешна политика за да го принудат на лош договор, тоа нема да се случи“.

 

ИЗДВОЕНИ