петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Погребот на ајатолахот Хомеини, претходникот на Хамнеи, влезе во Гинис: Присуствуваа над...

Погребот на ајатолахот Хомеини, претходникот на Хамнеи, влезе во Гинис: Присуствуваа над 10 милиони луѓе

2
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Погребот на претходникот на ајатолахот Хамнеи, Рухолах Хомеини, кој е основач на Исламската Република Иран, е запишан во Гинисовата книга на рекорди како собир со присуство на најголем процент од населението на една држава. Хомеини починал на 86-годишна возраст, по низа срцеви удари, на 3 јуни 1989 година, а на неговиот погреб на 5 и 6 јуни, според процените, присуствувале 10,2 милиони луѓе, што е околу шестина на вкупната популација на Иран.

Погребот на ајатолахот Хомеини е влезен во историјата и по екстремниот хаос што се случувал, поради што имало два обиди за погребување. Во првиот обид, оние што го оплакувале го пробиле обезбедувањето, го симнале ковчегот и ја скинале погребната ткаенина за да земат парче како реликвија. Во метежот, телото на Хомеини на кратко паднало од ковчегот врз насобраниот народ. Обезбедувањето морало да пука во воздух, а телото било евакуирано со хеликоптер. Во вториот обид, телото било ставено во метален ковчег и повторно донесено со хеликоптер. Неконтролираната толпа го тргнала капакот, па телото на ајатолахот било буквално стркалано во гробот, кој веднаш потоа бил покриен со бетонски плочи.

ИЗДВОЕНИ