Потрошила вистинско богатство за да личи на Барби

0

Трејси Кис (36), инфлуенсерка од Обединетото Кралство, повеќе од 20 години, троши голема сума на пари за козметички процедури се со цел, да изгледа како куклата Барби. Со текот на годините, таа била подложена на бројни операции, вклучувајќи зголемување на градите, ринопластика, липосукција и редовни третмани со ботокс и филери.

Иако нејзиниот изглед привлекувал големо внимание, таа често се соочувала со осуда и негативни коментари. Со текот на времето, сфатила дека повеќе не се препознава себеси во огледалото и дека се оддалечила од сопствениот идентитет. Во тој момент решила да го промени својот живот.

Денес, таа инвестирала повеќе од 140.000 евра за да ги поништи ефектите од козметичките процедури и да го врати поприродниот изглед. Првиот чекор бил намалување на градите, по што ги отстранила филери и се откажала од ботокс и други третмани за убавина. Таа вели дека нејзината најголема желба е повторно да изгледа како своите деца и конечно да се чувствува како себеси.

ИЗДВОЕНИ