понеделник, јули 27, 2026
Дома РАЗНО Поднесена е тужба против сопругата на шпанскиот премиер поради злоупотреба на влијание...

Поднесена е тужба против сопругата на шпанскиот премиер поради злоупотреба на влијание и проневера – се бара казна затвор од 13 години

0
By Deval Kulshrestha - File:1660 blk 19329 zoom.png, CC BY-SA 4.0, Фото: https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=40160925

Денес е поднесена приватна тужба, предводена од ултраконзервативното католичко здружение „Хасте Оир“, против сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегона Гомез, за ​​13 години затвор.

Тужбата е поднесена за трговија со влијание и проневера на јавни средства.

Со оваа тужба истовремено е побарана казна од шест години затвор и целосна забрана за вршење јавна функција во траење од 15 години за нејзината советничка Кристина Алварес, затоа што е наведена како советница во присвојувањето на софтверот на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, пренесува мадридскиот весник „Расон“.

Во барањето поднесено до судијата Хуан Карлос Пеинада, обвинителната страна бара, исто така, премиерот Санчес да биде повикан како сведок за време на судењето за да одговори на прашања за користењето на комплексот на претседателската палата Монлоа како простор за воспосатвување контакти во рамките на проектот за посебна катедра предводена од неговата сопруга.

Истовремено, побарано е социјалистичкиот министер Феликс Боланос да биде повикан да сведочи заради разјаснување на околностите под кои Алварес е ангажирана на висока фунција во рамките на Претседателството на Влададата.

Како што се наведува, обвинителната страна смета дека е клучно бизнисменот Карлос Барабес да биде повикан да сведочи во текот на главниот претрес за својот професионален однос со Гомес, за состаноците одржани во палатата Монклоа и за соработката како на мастер програмата, така и на проектот на посебната катедра за конкурентна и социјална трансформација.

Окружниот суд во Мадрид неодамна донесе одлука со која се противи на неговото изведување на суд во овој случај.

Обвинителната страна ја обвинува Бегоња Гомес за кривично дело злоупотреба на влијание, за кое бара две години затвор, бидејќи наводна го искористила својот статус на „прва дама“ за да го наведе Универзитетот Комплутенсе во Мадрид да основа катедра и се именувала себеси за нејзина раководителка.

Исто така, обвинета е за кривично дело продолжена проневера, за која се бара казна затвор од три години, поради насочување на работата на својот јавен асистент кон приватни цели за што, како што тврди обвинувањењто, примил повеќе од 364.000 евра на име на заработка од буџетот на државата.

Страната во постапката тврди дека Гомес е виновна за кривично дело тежок облик на проневера, за кое бара дополнителни осум години затвор.

Барањето за изрекување на казната содржано во конечното обвинение претставува намалување во однос на 24 години, колку што првично бараше надлежното обвинителство, пре Мадридскиот суд да ја поништи одлуката Гомес да се гони исто така за кривични дела корупција во работењето и злоупотреба на технолошка платформа, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ