вторник, септември 1, 2026
Дома КУЛТУРА Под отворено небо, во срцето на Скопје, вечерва одекнуваа само гласовите на...

Под отворено небо, во срцето на Скопје, вечерва одекнуваа само гласовите на уметноста, и светска и наша, безвремена: Музички симбиоза на македонските музички ѕвезди со оперскиот тенор Карерас на Плоштад „Македонија“ /ФОТОГАЛЕРИЈА

0
Фото:П. Стојановски

Вечерва, под отворено небо, во срцето на Скопје, на плоштадот „Македонија“ сите присутни граѓани се дел од ретка и незаборавна музичка приказна осмислена и создадена по повод по повод настаните организирани за одбележувањето на прославата на 35 години независност на нашата држава.  Концертот кој се одвива во два музички дела, започна со фолклорниот дел, кој со го отвори истакнаниот народен пејач Миле Кузмановски, а по него следеа македонските фолк ѕвезди Сузана Спасовска, Наум Петревски.

Публиката носталгично ја разиграа поп-ѕвездите Маја Оџаклиевска, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски.

Публиката имаше можност да ужива и во гласовите на оперските пејачи Ана и Игор Дурловски и Дешира Амети-Крлиу , во придружба на повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија. Со оркестарот диригира Сашо Татарчевски, додека новите оркестрации и аранжмани специјално за концертот ги подготви маестро Николче Мицевски.

Во вториот дел од вечерта, резервиран за Хозе Карерас, шпанскиот тенор ја почести скопската публика со изведба на својот препознатлив светски репертоар, заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на од неговиот долгогодишен диригент Дејвид Хименес. Посебно изненадување беа композициите кои славниот тенор ги отпеа со Каролина Гочева и со Калиопи

Фото: П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ