Прилеп овој викенд ќе биде центар на фолклорот и на традицијата, со одржувањето на новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“. Манифестацијата е во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп, под покровителство на Општина Прилеп и Центарот за култура „Марко Цепенков“, а поддржана од бројни локални компании и претпријатија.
Фестивалот почнува в петок, а неговото отворање ќе биде со почеток во 19:00 часот, пред споменикот на Итар Пејо. Потоа ќе следуваат: прошетка низ Прилеп, детска работилница на Могилата на непобедените, свечено дефиле на сите учесници и фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо.
За в сабота со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е предвидена креативна работилница, по што ќе следуваат главната фестивалска вечер и забава на летната сцена при Центарот за култура.












