петок, септември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Партерно се уредува просторот околу спортската сала

Партерно се уредува просторот околу спортската сала

84

Општина Куманово продолжува со градежните активности во спортската сала во градот. Градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека во моментов интензивно се работи на партерното уредување на просторот.

– Паралелно со овие активности, во тек е и изградбата на системот за греење и вентилација, кој е од особено значење за обезбедување современи услови за функционирање на салата – нагласи Димитриевски.

Тој додаде дека со реализацијата на овие фази, објектот постепено го добива својот конечен изглед и се создаваат услови за современ, функционален и квалитетен спортски простор наменет за спортистите и за сите граѓани на Куманово.

ИЗДВОЕНИ