Додека целиот спортски свет со години се надева на позитивни вести за здравствената состојба на Михаел Шумахер, неговото име е повторно во центарот на вниманието. Овој пат причината се луксузните часовници од неговата приватна колекција, кои достигнаа неверојатни цени на аукцијата во Женева.

Пет ретки примероци беа понудени на продажба во престижната аукциска куќа „Кристис“, а најголем интерес предизвикаа два часовници од трговската марка „F.P. Journe“. Моделите „Tourbillon Souverain“ и „Chronomètre à Résonance“ беа продадени за по 1,53 милиони швајцарски франци, односно за приближно 1,66 милиони евра.

На аукцијата се најде и специјален часовник „F.P. Journe Vagabondage 1“, кој Шумахер го добил како божиќен подарок во 2004 година од тогашниот шеф на Ферари, Жан Тод. Неговиот изглед е целосно персонализиран, со црвен бројчаник, амблемот на Ферари и симболи што ги претставуваат седумте светски титули на легендарниот Германец.

Продажбата беше организирана по повод 30-годишнината од неговиот премин од Бенетон во Ферари. Сепак, зад секоја приказна за Шумахер и неговото богатство денес се крие многу поважна тема – неговата здравствена состојба.

По тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, седумкратниот светски шампион не се појавува во јавноста, а неговото семејство строго ја чува неговата приватност. Со години, најблиските луѓе околу него прават сè што е во нивна моќ за да му обезбедат најдобра можна грижа и поддршка.

Но, прашањето е дали е потребна продажба на голем дел од овие скапоцени работи ако семејството Шумахер има доволно парични средства на неговото скапо лекување?

ИЗДВОЕНИ