Скандал ја тресе Швајцарија откако објавија новинари дека швајцарската полиција помеѓу 1930 и 1989 година тајно следела десетици владини функционери, вклучувајќи најмалку 39 министри.
Според објавените информации во таканаречениот скандал со тајни досиеја, кој е резултат на новинарски истражувања на стотици илјади досиеја од федералните и од кантонските полициски архиви, полицијата ги отворила повеќето досиеја на самиот почеток од политичкиот ангажман на идните функционери, кога сè уште биле млади тие, пишува неделникот „Зонтаг цајтунг“. Како пример се споменува Рут Драјфус, поранешната претседателка и министерка од 1993 до 2002 година, која била следена поради своето противење на војната во Виетнам. Била следена и Елизабет Коп, првата швајцарска министерка (1984-1989), откако инвестирал нејзиниот татко повеќе пари во бизнис во Унгарија.
Таа практика била укината во 1989 година, поради силен отпор во јавноста.












