среда, ноември 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Гутереш: Фосилните горива треба да исчезнат како диносаурусите

Гутереш: Фосилните горива треба да исчезнат како диносаурусите

0
Foto: EPA

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека фосилните горива треба да ја доживеат судбината на диносаурусите и предупреди на влијанието на „нивното лоби“, за кое тврди дека се обидува да ја забави борбата против климатските промени.

„Како и диносаурусите, фосилните горива мора да исчезнат“, рече Антонио Гутереш на годишниот самит на ОН за климата, COP31, кој моментално се одржува во Турција.

Тој истакна дека тоа нема да се случи само по себе, обвинувајќи го лобито за фосилни горива дека применува стратегија насочена кон „искривување на науката, одложување на одлуките, попречување на дејствувањето и избегнување одговорност“, пренесува BFM TV.

Климатската конференција COP31, која се одржува во Анталија од 9 до 20 ноември и на која присуствуваат претставници од над 190 земји, разгледува начини за забрзување на глобалната борба против климатските промени.

ИЗДВОЕНИ