Општина Бутел почна со градежните работи за реконструкција на улицата „Марко Крале“, една од главните сообраќајници во населбата Бутел.
Улицата е со вкупна површина од 6.120 квадратни метри и со должина од 1.100 метри.
-Со нејзината реконструкција значително ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневното движење на жителите во овој дел од општината – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека реконструкцијата на улицата е уште едно барање на граѓаните кое влегува во реализација и претставува продолжение на градежните активности за обнова на патната инфраструктура во Општина Бутел.
-Во изминатиот период беа реконструирани и улици „Хо Ши Мин“ и „Натанаил Кучевишки“, додека со реконструкцијата на улицата „Марко Крале“ продолжуваат активностите за подобрување на клучните сообраќајници во населбата Бутел. Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел продолжува со исполнување на барањата на граѓаните и подобрување на патната инфраструктура на територија на општината – нагалсуваат од локалната самоуправа.









![[Интервју] Петре Арсовски – „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Со секој лик стануваш почовечен, и во добра и во лоша смисла](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/09/prva-4-100x70.jpg)


