Tемелното уредување на коритото на реката Серава и изградбата на новата пешачка патека влегуваат во својата завршна фаза, објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека новата пешачка патека во должина од 1.590 метри и создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење.
-Современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило и нови детски игралишта ќе го претворат овој дел од Бутел во место полно со живот. Создаваме простор каде децата ќе растат и ќе играат, семејствата ќе поминуваат време заедно, а граѓаните ќе имаат уште едно убаво и уредено катче во своето Скопје – нагласи Ѓорѓиевски.












