Во тек е поставувањето нови, висококвалитетни корпи за ситен, џебен отпад на повеќе локации во Општина Карпош.
Општинските власти информираат дека кантите се изработени од комбинација на дрво и на метал, дека се со модерен дизајн и функционалност, со цел да се унапреди изгледот на јавните површини и да се подобри одржувањето на јавната хигиена.
– Досега се поставени нови канти во урбаната заедница Нерези, на улицата „Козле 8“, во близина на детското игралиште, на плоштадот во Бардовци и во дворот на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ („Партизан“) – соопштија од Општина Карпош.
Оттаму велат дека ќе продолжи активноста и во наредните денови, во другите урбани и месни заедници, согласно со потребите на терен и барањата на граѓаните.
– Истовремено, ќе се врши замена на оштетените и нефункционални канти со нови, стандардни канти за отпадоци – потенцираат од локалната самоуправа.












