Општина Гази Баба ќе обезбеди по 8.000 денари за секое новороденче, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.
– Секое новороденче е нова надеж, нова радост и најубав почеток за едно семејство. Затоа Општина Гази Баба продолжува со грижата за најмладите и обезбедува 8.000 денари за секое новороденче – истакна Стефковски, додавајќи дека оваа мерка е поддршка за семејствата и потврда дека секое дете им е подеднакво важно.
Тој ги повика сите родители што ги исполнуваат условите, да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиската поддршка.












