Жителите на Карпош утре ќе имаат можност без закажување, директно да поразговараат со градоначалникот Сотир Лукровски, но и со раководителите на општинските служби, на Отворениот ден што ќе се одржи од 13:00 до 17:00 часот, во холот на Општина Карпош.

Секој што има проблем, прашање, предлог или идеја за подобрување на животот во населбата ќе може лично да ги изнесе своите забелешки и да побара одговор од надлежните.

Од Општина Карпош велат дека целта е граѓаните да бидат директно слушнати, а локалната власт од прва рака да ги дознае нивните потреби, предлози и иницијативи.

Средбата ќе се одржи во општинската зграда на улицата „Никола Русински“ број 11, а поканата е отворена за сите жители што сакаат активно да се вклучат во решавањето на прашањата што секојдневно ги засегаат.

 

ИЗДВОЕНИ