петок, септември 11, 2026
Дома СВЕТ По 20 години, повторно отворено училиштето на мал италијаснки остров –...

По 20 години, повторно отворено училиштето на мал италијаснки остров – за само еден ученик

0

Училиштето на малиот италијански вулкански остров Стромболи повторно ги отвори своите врати по повеќе од 20 години, а засега само еден ученик ќе посетува настава. Шестгодишната Ајша беше пречекана од нејзиниот наставник на првиот училиштен ден, објави италијанската новинска агенција „Анса“. Со години, нејзините родители се залагаа за повторно отворање на училиштето во оддалеченото село Гиностра на западниот брег на островот.

Стромболи се наоѓа во Средоземното Море, северно од Сицилија, и е дел од островите Липари. Островот е најпознат по активниот вулкан со исто име, висок 930 метри, кој редовно еруптира. Надвор од туристичката сезона, Гиностра има околу 40 жители, а до селото може да се стигне само по море. Новото училиште се наоѓа во просториите на месната заедница.

Ајша е родена на Стромболи, а нејзиниот татко е градежен работник од Тунис. Нејзината мајка Моика Абате претходно го опиша повторното отворање на училиштето за италијанскиот дневен весник „Ла Република“ како „голем успех, не само за нас туку и за целата заедница на островите Липари и за цела Гиностра“.

Многу семејства што живеат на малите острови во регионот од септември до мај се принудени да се преселат за да можат нивните деца да одат на училиште, рече Рикардо Гуло, градоначалник на островите Липари. Гуло се надева дека повторното отворање на училиштето во Гиностра ќе биде првиот чекор кон запирање на повеќегодишното намалување на населението на седумте населени острови на архипелагот.

ИЗДВОЕНИ