Пешачењето е аеробна вежба што го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага за зајакнување на белите дробови, а ги елиминира токсините и непотребните материи од нив, но, исто така, има добар ефект и врз панкреасот. Пешачењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да спречи губење на коскената маса, па дури и да го намали ризикот од фрактури
Одењето е најдобриот лек, со само 30-40 минути пешачење секој ден може драстично да го подобрите не само изгледот туку и целокупното здравје. Еве ги сите позитивни ефекти од пешачењето и позитивните промени во мозокот. Она што сакам да го нагласам како физиотерапевт е тоа дека пешачењето го спречува раниот почеток на деменција, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и го подобрува целокупното ментално и физичко здравје на една личност. Да не зборуваме дека, исто така, го намалува стресот и го одржува ендорфинот на високо ниво.
Пешачењето како активност, исто така, помага да се избегнат проблеми со срцето, се намалува високиот крвен притисок и на нивото на холестеролот и се подобрува циркулацијата на крвта. Пешачењето е аеробна вежба што го зголемува протокот на кислород во крвотокот и помага во зајакнување на белите дробови, а ги елиминира токсините и непотребните материи од нив, но, исто така, има добар ефект и врз панкреасот. Можеби е тешко да се поверува, но пешачењето, како форма на вежбање, е многу поефикасно средство за спречување дијабетес од трчањето. Со само 30-40 минути пешачење секој ден не само што може да го намалите ризикот од рак на дебелото црево во иднина туку може и да го подобрите варењето на храната, помагајќи си да го регулирате движењето на дебелото црево. Во одредени случаи на прекумерна тежина, може да се постигнат мускулен тонус и губење на тежината и со одење. Практиката на одење 10.000 чекори дневно може да се смета како вежбање во вежбалница, особено ако додавате во некои интервали или пешачите по нагорнина.

Пешачењето може да обезбеди поголема подвижност на зглобовите, да спречи губење на коскената маса, па дури и да го намали ризикот од фрактури. Како физиотерапевт, ви препорачувам умерено одење најмалку 30-40 минути дневно за да се намалат болката, вкочанетоста и воспалението во зглобовите, како и за да се ублажат болките во грбот. Пешачењето може да стане вистински спасител за оние што страдаат од болки во грбот, при напорни вежби. Бидејќи тоа е активност со мал напор, нема да предизвика толку болка или непријатност како трчањето. Исто така, со редовно пешачење се придонесува и за подобра циркулација на крвта во ‘рбетните структури и се подобруваат држењето на телото и флексибилноста, што е исклучително важно за здрав `рбет. Додека, пак, за смирен ум, одењето ги подобрува депресивните симптоми кај пациентитe со големо депресивно растројство, само замислете како може да ни помогне тoa кога се чувствуваме слабо или исцрпено. Веселата прошетка со пријател или со сакана личност само ќе го умножи чувството на среќа и ќе ви го подобри расположението. Сметам дека слободно може да го започнете денот читајќи ги моите совети со добро кафе, чај или со цеден портокал за освежување од рано наутро.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ ГОСТИВАР)












