Александар Овечкин објави дека актуелната 22. сезона во НХЛ ќе биде и последна во неговата кариера. Рускиот хокеар им ја соопшти на соиграчите, а потоа таа беше објавена и на социјалните мрежи на Вашингтон капиталс.
- Тажно е, но така е како што е. Тешко е, но ајде да уживаме и да направиме нешто особено оваа година – рече Овечкин.
Четириесет и едногодишниот напаѓач ја мина целата кариера во Вашингтон, со кој го освои Стенли купот во 2018 година. Во април 2025 година, тој го собори рекордот на Вејн Грецки и стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ. Девет пати беше најдобар стрелец во лигата и трипати го освои трофејот „Харт“ за најкорисен играч.
- Многу ја сакам оваа игра, но длабоко во себе знам дека ова е вистинската одлука – додаде легендарниот Овечкин.











