среда, ноември 25, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Тензии на Дејвис купот – тивок судир меѓу Италијанците

Тензии на Дејвис купот – тивок судир меѓу Италијанците

0
EPA/ELISABETTA BARACCHI

Односот меѓу Матео Беретини и Лоренцо Музети – соиграчи во италијанскиот тим за Дејвис купот – привлекува внимание во јавноста во Италија.

Италијанските медиуми неодамна објавија дека Музети ја изневерил својата сопруга со поранешната девојка на Беретини.

Беретини беше повикан во националниот тим како замена за Симоне Болели, што значи дека веќе неколку дена престојува во иста средина со Музети.

Двајцата не разговараат, а за време на прес-конференцијата се држеа одвоено еден од друг.

Исто така, тие немаат никаква меѓусебна комуникација ниту за време на тренинзите, а видливо напнатата атмосфера не влева оптимизам во однос на шансите на Италија да ја освои четвртата последователна титула во Дејвис купот.

Нивниот прв противник ќе биде Јужна Кореја, во среда во 16:00 часот.

ИЗДВОЕНИ