среда, ноември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА МВР:Возачката (70) не избегала по ударот во 18-годишниот пешак, Внатрешната контрола проверува...

МВР:Возачката (70) не избегала по ударот во 18-годишниот пешак, Внатрешната контрола проверува дали имало неправилности

0

По обвинувањата на социјалните мрежи за несоодветно постапување по сообраќајна несреќа во која син на скопјанка бил удрен од автомобил на пешачки премин, од МВР ја потврдуваат несреќата но велат дека жената зад волан останала на местото.

“На 23.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје пријавено е дека на крстосница од ул.”Париска” и ул.”Хелсинки” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “шевролет” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(70) од Скопје и пешак О.А.(18) од Скопје. Од незгодата О.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при комплек клиники “Мајка Тереза”. Ве информираме дека Н.Т. не го напуштила местото на настанот и останала заедно со полициските службеници до завршување на целокупниот увид. По целосно документирање на случајот против истата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат за ВЕЧЕР од МВР.

Мајката на социјалните мрежи обвини за постапувањето на полицијата, тврдејќи дека жената што го удрила момчето лично познавала еден од полициските службеници и дека по нивниот разговор случајот не бил соодветно евидентиран, односно дека полицаецот ” средил работа”. Од МВР за ВЕЧЕР велат дека Внатрешна контрола ги истражува наводите.

“Воедно, ве известуваме дека во врска со случајот Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности, за утврдување на евентуални неправилности, по што соодветно ќе ја известиме јавноста” велат од МВР (П.А.)

 

 

ИЗДВОЕНИ