вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Русија се подготвува за масовен напад, подготвуваме одговор

Зеленски: Русија се подготвува за масовен напад, подготвуваме одговор

46
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина подготвува мерки за одговор на руските подготовки за масовен напад и спроведува приоритетни задачи како одговор на руските напади врз украинската логистика.

Зеленски ова го соопшти на својот канал на „Телеграм“ по состанокот со членови на владата, воени претставници и претставници на други институции, пренесува „Укринформ“.

„Владата, заедно со регионалните власти, подготви дополнителни логистички решенија како одговор на руската операција насочена кон украинската логистика. Денеска добивме нови разузнавачки информации во врска со подготовките на Русија за масовен напад. Подготвуваме одговор. Утврдивме рокови за завршување на значителен дел од задачите, а приоритетните активности се веќе во тек“, напиша Зеленски.

ИЗДВОЕНИ