среда, ноември 25, 2026
Дома СВЕТ Драма во центарот на Варшава: Маж се запали кај Претседателската палата/ВИДЕО

Драма во центарот на Варшава: Маж се запали кај Претседателската палата/ВИДЕО

0
screensot X

Маж се самозапали пред зградата на Министерството за култура и национално наследство во Варшава, спроти Претседателската палата. По интервенција на надлежните, тој бил пренесен во болница, каде што моментално се наоѓа на одделот за интензивна нега.

Инцидентот се случил вечерва, на улицата „Краковские Пшедмешче“. Први реагирале припадници на Службата за државна заштита (SOP), кои го изгаснале огнот и му пружиле помош на повредениот маж. Биле известени противпожарните и медицинските служби, а на лице место била испратена и полиција.

Од полицијата соопштија дека добиле пријава по 17:00 часот и дека повредениот маж бил пренесен во болница. Полската новинска агенција (PAP) објави дека тој е сместен на одделот за интензивна нега.

Идентитетот на мажот, причината поради која се самозапалил, како и деталите за неговата здравствена состојба, засега се непознати. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот.

ИЗДВОЕНИ