Сагата околу иднината на Јанис Адетокумбо наскоро би можела да се реши. Според новинарот Брајан Виндхорст, двократниот МВП го означи Мајами како негова преферирана дестинација ако го напушти Милвоки.
„Во лигата постои верување дека ова конечно ќе се случи. Преговорите значително се интензивираа во последните седум до десет дена. Јанис сака да стане член на Мајами“, рече Виндхорст.
Според ЕСПН, Адетокумбо има одредено влијание врз процесот поради ситуацијата со договорот.
„Бидејќи му останува уште една година од договорот, тој има одредена контрола врз ситуацијата. Мајами и Милвоки разговараат со месеци, но засега нема договор, бидејќи Бакс не се задоволни од понудата на Хит. Третиот, па дури и четвртиот тим се вклучени во преговорите“, додаде Виндхорст.
Во последните денови, трката за еден од најдобрите играчи во светот наводно се сведе на два клуба – Мајами и Бостон.
Селтиксите наводно ја разгледуваат можноста да го вклучат Џејлен Браун во потенцијалниот пакет, иако таков договор речиси сигурно би барал комплексна размена на повеќе тимови.
Американските медиуми објавуваат дека Јенис е подготвен да потпише долгорочен договор и со Мајами и со Бостон, доколку се случи трансферот.
Милвоки сака да ја разјасни ситуацијата што е можно поскоро, а според информациите од инсајдерот од НБА, Еван Сидери, конечната одлука би можела да се донесе до крајот на оваа недела, пред претстојниот драфт на НБА.
Доколку размената навистина се реализира, тоа ќе биде една од најголемите приказни во НБА во последните години и потег што би можел целосно да го промени балансот на моќ во лигата.












