Активисти и членови на движењето „Белград останува“ објавија видео на кое се гледаат вреќи за кои тврдат дека содржат уништена документација од Министерството за финансии на Србија и од Управата за заеднички работи.
Во својата изјава, тие наведоа дека пронајдените материјали ќе бидат сочувани и анализирани како потенцијални докази, а по консултации со претставници на „Студентска листа“, истите ќе бидат предадени на надлежните органи.
View this post on Instagram
На видеото се гледаат голем број вреќи полни со исечкана хартија – при што јасно се препознаваат договори со потписи и други официјални документи – како и фотографија од поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.
View this post on Instagram
Од движењето дополнително изјавија дека ништо не смее да се крие и дека не смее да се дозволи ништо да исчезне без трага.
Засега, тие немаат потврдено никакви детали во врска со конкретната содржина на документите.












