петок, октомври 30, 2026
Дома СВЕТ Несреќа во Германија: Училишен автобус со 20 деца удрил во ѕид од...

Несреќа во Германија: Училишен автобус со 20 деца удрил во ѕид од куќа; возачот останал заглавен/ФОТО

28

Утринава во Бад Олдеслое, во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, училиштен автобус со околу 20 деца удри во ѕид од куќа. Точниот број на повредени лица и сериозноста на нивните повреди сè уште не се познати.

Несреќата се случила околу 7:20 часот на улицата Зилцберг, кога, од засега непознати причини, автобусот преминал преку кружен тек и удрил во ѕид од куќа, пренесува „Билд“.

По судирот, возачот останал заглавен во автобусот, а една жена и неколку патници се здобиле со повреди, потврди полицијата. Точниот број на повредени лица сè уште не е утврден.

На местото на настанот се наоѓаат екипи на итната помош, пожарникари и полиција, а просторот е ограден.

ИЗДВОЕНИ