Начинот на распределба на финансиската помош за пензионерите во Општина Центар, мора да се смени и да им се даде приоритет на оние со најниски пензии, сметаат од Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Советникот од општина Центар Крумислав Мишко Барзов на прес-конференција го обвини градоначалникот на Општина Центар за неправедна распределба на 7 милиони денари наменети за пензионерите бидејќи помошта ја добија оние што први дознале?
“Во јавниот пових стои дека помошта е за пензионери во социјален ризик со пензија помала од 28.000 денари, но критериумот беше „прв дојден, прв услужен“. Каде е тука приоритетот за оние со најниски пензии? Советниците на Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистираат да се смени овој принцип, бидејќи тоа е неправеден и не е начин средствата да дојдат до оние на кои им е најпотребно.
Седумте милиони денари беа доволни за само 1.400 од вкупно 3.754 центарски пензионери. Дали општина Центар е за једните мајка, а за другите маќеа?












