среда, јули 1, 2026
Дома СКОПСКА Орце Ѓорѓиевски: Состојбата по невремето е стабилизирана, над 1.000 работници остануваат на...

Орце Ѓорѓиевски: Состојбата по невремето е стабилизирана, над 1.000 работници остануваат на терен

13

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика поплави и сообраќаен хаос на повеќе локации, но состојбата веќе е ставена под контрола, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од кружниот тек кај „Ист гејт“, кој беше една од најкритичните точки.

Тој информираше дека во расчистувањето на последиците биле ангажирани повеќе од 1.000 работници од градските служби и јавните претпријатија.

„Како што можете да забележите, состојбата овде е веќе стабилизирана. Нема жртви, ниту голема материјална штета. Булеварите се проодни и немаме проблем како што имавме пред половина час. Продолжуваме да бидеме будни на терен“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, благодарение на брзата, навремена и координирана реакција на надлежните служби биле спречени поголеми последици од невремето.

Скопје се дави по поројот: Поплавени улици, заглавени возила и десетици повици за помош/ФОТО

Градоначалникот соопшти дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија ќе останат мобилизирани во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе има потреба.

Тој додаде дека постои постојана координација со градоначалниците на скопските општини и со сите надлежни институции.

„Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност. Скопје и скопјани не се оставени сами. Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје под пороен дожд: Снаодливоста нема граници – црна кеса наместо кабаница/ФОТО/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ