среда, јули 1, 2026
Дома СКОПСКА Поројниот дожд урна дрвја низ Скопје: Големо стебло падна на булеварот „Св....

Поројниот дожд урна дрвја низ Скопје: Големо стебло падна на булеварот „Св. Климент Охридски“/ФОТО

640
Фото: vecer.press

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика бројни проблеми низ градот, а на повеќе локации се евидентирани паднати дрвја како последица на поројниот дожд и силниот ветер.

Едно од поголемите дрвја падна на булеварот „Св. Климент Охридски“, а среќа нема повредени лица, ниту е причинета поголема материјална штета.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на паднатите дрвја и нормализирање на сообраќајот. Граѓаните се повикуваат на внимателност, бидејќи поради нестабилните временски услови постои можност од нови падови на гранки и дрвја.

Невремето кое го погоди главниот град предизвика и поплавени улици, отежнат сообраќај и интервенции на службите на повеќе критични точки низ Скопје.

ИЗДВОЕНИ