Општина Охрид ќе доделува финансиска поддршка на микропроекти во рамки на Програмата за локален економски развој и туризам на Општина Охрид – 2026 година.
За таа цел е објавен јавен повик, со цел поттикнување на локалниот економски развој, унапредување на туристичката понуда, зачувување и промоција на културното и природното наследство, како и подобрување на квалитетот на живот во општината.
Финансиската поддршка е наменета за активности од мал обем со јасно дефинирани резултати, временска рамка до шест месеци и мерлив придонес кон локалниот развој.
Вкупниот буџет на јавниот повик изнесува 2.000.000 денари, распределен на: 1.000.000 денари – локален економски развој и 1.000.000 денари – туризам. Максималниот износ по проект е 200.000 денари.












