Градскиот базен во Кавадарци станува омилено место за освежување во текот на летото, но и за рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови.
Од Општина Кавадарци потсетуваат дека градскиот базен работи до 23:00 часот, а посетителите можат да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови.
Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за рекреација, релаксација и за дружење, а градскиот базен продолжува да биде едно од најпосетуваните места во градот во летната сезона.
Од Општината ги повикуваат сите граѓани да ги искористат летните вечери и да уживаат во содржините што ги нуди градскиот базен.












