Сервисот на третиот „ер трактор“, кој беше оштетен при неодамнешното невреме во Скопје, успешно е завршен. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека по извршениот сервис, бил реализиран пробен лет, при што било потврдено дека авионот е целосно функционален.
– Со тоа, „ер тракторот“ повторно се враќа во употреба и ќе биде ангажиран во активностите за гаснење пожари и интервенции на терен – нагласи Ангелов.












